Асошиејтед прес пишува дека поради тоа растат цените на основните продукти и дополнително се погодени домаќинствата кои веќе имаат проблеми поради високите цени на енергијата, храната и станбените трошоци.
Турскиот статистички институт соопшти дека во септември цените пораснале за 3,08 отсто во однос на претходниот месец.
Експертите тврдат дека инфлацијата е многу повисока од официјалната статистика, а независна група за истражување на инфлацијата денес ја оцени годишната стапка на дури 186,27 отсто.
Минатиот месец турската централна банка уште еднаш ја намали каматната стапка, снижувајќи ја референтната стапка на 12 отсто и покрај растот на цените и падот на лирата.
Лирата изгуби преку 50 отсто од вредноста во однос на американскиот долар откако централната банка почна да ги снижува стапките минатата година.
Руската инвазија на Украина и падот на лирата ја поттикнаа инфлацијата.