Инфлацијата во Британија највисока во 40 години

Инфлацијата во Британија во април го достигнала највисокото ниво од 1982 година, поради што министерот за финансии е под силен притисок да им понуди поголема помош на домаќинствата, а британската централна банка да продолжи да ги крева каматите и покрај ризикот од рецесија.

EPA-EFE

Растот на потрошувачките цени во април изнесувал девет отсто на годишно ниво, објави Канцеларијата за национална статистика (ОНС), надминувајќи ја рецесијата од почетокот на 1990-тите години, која Британците ја памтат по исклучително високите каматни стапки.

Британија ја има најголемата инфлација меѓу европските економии, а неодамна Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) процени дека Британија во 2023 година ќе се соочи со поспор економски раст и потрајна инфлација од која било друга голема економија.

Растечките сметки за енергија беа најголемиот придвижувач на инфлацијата, одразувајќи го априлското зголемување на регулираните тарифи за енергија. Последиците од руската инвазија на Украина значат дека тие сметки веројатно ќе продолжат да растат.

„Не можеме целосно да ги заштитиме луѓето од овие глобални предизвици, но пружаме значителна поддршка каде што можеме и спремни сме да преземе дополнителни акции“, кажа министерот за финансии Риши Сунак. Британските буџетски прогнози укажуваат дека домаќинствата ќе се соочат со најголемото зголемување на животните трошоци од 1950-тите години, од кога се следат тие податоци.

Во меѓувреме и довербата на потрошувачите паднала на најниско ниво кога било. Владата го истакнува својот досегашен пакет за поддршка на домаќинствата вреден 22 милијарди фунти, но голем дел од тоа е поништен со неодамнешното зголемување на даноците.

Централната банка во мај прогнозираше дека инфлацијата ќе достигне 10 отсто во текот на оваа година, а инвеститорите очекуваат четврто зголемување на каматните стапки кои почнаа да растат од декември. Со тоа банката својата каматна стапка ќе ја зголеми на еден отсто, најголемо ниво од 2009 година.

Британскиот премиер Борис Џонсон е соочен со нови барања за намалување на даноците и претставување летен пакет за поддршка на најзагрозените домаќинства. Од него се бара да ја смени насоката и да одговори на зголемувањето на трошоците за живот.

Поранешниот министер на конзервативната влада Крис Грејлинг наведе дека поддржува многу од тоа што владата направила, но ѝ порача на владата дека не може „да постигне раст со прекумерно оданочување на економијата“. Конзервативецот Бернард Џенкин кажа дека е неопходен летен пакет на помош во вредност од 13,5 милијарди фунти.

„Потребен е летен пакет за спасување на најзагрозените домаќинства за да се избегнат реални финансиски проблеми и лични маки и да се поддржи економската побарувачка на најранливите домаќинства. Или предизвикуваме потенцијално полоша рецесија од таа што сега се очекува“, кажа Џенкин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе