И покрај санкциите приходот од извоз на нафта на Иран скокнал за 580 отсто

Иранскиот приход од извозот на нафта и деривати скокнал за 580 отсто во првите четири месеци на иранската фискална година, односно во периодот од 21 март до 21 јули.

EPA-EFE

Ова е во однос на истиот период од пред една година, соопшти иранскиот министер за економија Ехсан Кандузи.

„Благодарение на зголемувањето на извозот на нафта и валутниот курс на нашиот нов буџет, забележавме зголемување на приходите во државната каса од извозот на нафта и деривати за 580 отсто во првите четири месеци оваа година“, кажа Кандузи, а пренесува Ројтерс.

Британската агенција додава дека позитивниот извештај за нафтените приходи коинцидира со соопштението за иранската инфлација која надминува 50 отсто, со тројно зголемени цени на стоката, зголемување на трошоците за енергија и живеење и протести кои се шират во таа земја поради економските проблеми.

Цените на нафтата речиси се удвоија во однос на една година претходно поради војната во Украина и глобалното економско заздравување по пандемијата.

Иранската влада вели дека нашла начини да ги врати во својата каса средствата од претходниот извоз на енергенси и дека го зголемила извозот на нафта и покрај санкциите кои САД повторно ги воведоа во 2018 година откако поранешниот претседател Доналд Трамп го повлече Вашингтон од договорот за иранската нуклеарна програма.

Преговорите за заживување на тој договор од 2015 кои вклучуваат укинување на американските санкции се на пауза од март годинава, главно поради инсистирањето на Техеран Вашингтон да ја тргне иранската Револуционерна гарда од својата листа на терористички организации, пишува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе