Хуавеј подготвува тужба против САД

Кинескиот телекомуникациски џин Хуавеј планира да ја тужи владата на Соединетите Држави врз основа на сојузниот закон за национална одбрана, објавува Ројтерс повикувајќи се на извор запознаен со предметот.

Хуавеј се подготвува на суд да го оспори дополнетиот американски закон за одобрување за националната одбрана (НДАА), кој беше потпишан минатата година, кажал изворот.

Новиот закон НДАА ги надгледува договорите со кинеските компании, меѓу нив и Хуавеј, и ја јакне улогата на панелот за ревизија на странските вложувања.

Дневниот весник Њујорк тајмс прв објави дека Хуавеј подготвува тужба повикувајќи се на два извори.

Хуавеј засега одбива да ги коментира овие тврдења, но ги повикале новинарот на Ројтерс и други меѓународни медиуми на конференција за нонивнари во четврток во своето седиште во Шенжен.

Најавата на тужбата е последниот во низата потези со кои кинеската компанија му одговара на Вашингтон на обидите да му го забрани работењето на Хуавеј во САД.

Финансиската директорка на Хуавеј, Менг Ванжу, ги тужеше канадските власти тврдејќи де се прекршени нејзините уставни права кога во декември беше приведена во Канада.

Менг во петокот поднесе тужба во врховниот суд на Британска Колумбија, истиот ден кога канадското министерство за правосудство даде „зелено светло“ за американското барање за нејзина екстрадиција врз основа на обвинувањата за измама на финансиските институции со прикривање на информации за работење со Иран.

Менг е ќерка на основачот на Хуавеј Рен Женгфеи, а нејзиниот случај ги влоши односите на Кина со САД и Канада.

Хуавеј е најголемиот светски произведувач на телекомуникациска опрема, а во последно време американските власти го обвинуваат дека овозможува шпионажа поради што Вашингтон инсистира на бојкот на неговата технологија. По американските обвинувања, низа западни земји се прашуваат колку е паметно да се продолжи соработката со Хуавеј.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе