Хрватски економски аналитичар: Хрватска нема да може да издржи вака

Економскиот аналитичар Дамир Новотни ја коментираше економската ситуација во Хрватска и истакна дека не е добро време за укинување на мораториумот на извршувања. Кажа дека кризата ќе трае уште некое време, и дека дел од граѓаните нема да имаат плата или ќе имаат намалени плати.

EPA-EFE

Тој не мисли дека ваквиот систем е добар, бидејќи ако е, Хрватска не би имала толку блокирани граѓани и микропретприемачи.

„Долговите мора да се вратат, нашите граѓани се склони на задолжувања, за разлика од другите централноевропски земји. Кај нас влегуваат во должнички односи поради неможноста за остварување нормални доходи според нивните очекувања. Би можеле да го смениме системот за наплата, кој е преполн со проблеми. Основниот долг мора да се врати, но каматите, кои две децении беа исклучително високи и сѐ уште се високи, ја создаваат неодржливата ситуација. Премногу учесници има во тој процес. За хрватските прилики би бил неприфатлив германскиот модел на извршни постапки, и треба да се избегне трајна блокада на сметките, со што голем дел сограѓани ги бркаме од економскиот систем и присилуваме голем број од нив на сива економија. Така создаваат заработки во неформалниот дел на економијата, не ги плаќаат долговите и не се ни обидуваат да ги платат“, вели Новотни за хрватски Н1.

Тој ги коментираше и последиците од коронакризата и новиот бран на вирусот.

„Хрватска во општата рецесија влезе далеку најмалку спремна во однос на другите земји од ЕУ. Не можеме да издржиме уште еден карантин. Голем дел од економијата зависи од директниот сектор, од понудувачите и примачите на услугите. Имаме голем структурен проблем кој се влече со децении, не насочуваме доволно активности кон реалниот сектор. Сервисните економии ќе мора да се прилагодат. Мислам дека ќе биде тешко да се балансира потребата да продолжат економските активности. Дел од понудувачите на угостителски услуги веројатно нема да можат да ја преживеат кризата ни со помош од владините мерки. Има цела низа притисоци кои оваа криза ја прават најдлабока економска криза во историјата на модерна Хрватска. Владата повеќе нема резерви на кои може да смета за помош на претприемачите и компаниите, се очекува помошта од ЕУ фондовите, но тоа ќе биде на располагање дури на пролет“, кажа тој.

Истакна дека Хрватска пропуштила цела деценија раст за да создаде резерви и дека се наоѓа во ситуација да 1 паѓа економската активност, а да нема резерви.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе