Хрватски економист: „Хрватска во ЕУ е како Косово во Југославија“

Хрватската економија годинава би можела да пропадне двојно повеќе отколку што се предвидува, смета економистот Густе Сантини.

EPA-EFE

Поради последиците на пандемијата хрватската економија би можела годинава да пропадне двојно повеќе отколку што се предвидува и да стане најсиромашната земја во Европската Унија, како Косово во поранешна Југославија.

Според мислењето на економскиот експерт, хрватската влада ќе мора да се задолжи за економијата да ја премости претстојната криза, но не е доволно само да преживее, пишува Нови лист.

Владата конечно би требало да почне со реформите, кои со години се одложуваат, и со помош на домашните економисти и претприемачи да ги одреди приоритетите за развој на стопанството, за тоа да се прилагоди на новите околности.

Со почнување на големите проекти, според мислењето на Сантини, владата може да искористи и 22 милијарди евра помош, кој во следните години на Хрватска ќе ѝ стигне од Европската Унија.

Изрази страв дека падот на БДП е можен и до 20 отсто, што би било погубно. Повтори дека со години укажува дека Хрватска поради растот на туризмот станува монокултурна економија.

„Така голема зависност на економијата од една дејност никогаш не е добра, бидејќи земјата во тој случај станува ранлива. Пандемијата потврди дека туризмот поради бројни причини е многу ранлива дејност. Од друга страна, проблемот е во тоа што и понатаму имаме сезонски, а не целогодишен туризам“, додаде тој.

На прашањето дали кризата ќе ја олесни фактот што ЕУ ѝ обезбедила на Хрватска 22 милијарди евра во следните години, вели:

„Тие 22 милијарди евра се вистинска победа на Пленковиќ. Тие на значат сламка за спас. Без помош од странство Хрватска речиси сигурно немаше да може да се звлече од претстојната криза. Меѓутоа, тоа истовремено ме загрижува. Тоа има и друга страна на медалот, бидејќи размерно големиот опсег на европската помош на Хрватска ја покажува нашата трагична позиција, дека сме неефикасни и дека стануваме најсиромашната земја во ЕУ, како Косово во поранешна Југославија. Моето мислење е дека членството во ЕУ не е за Хрватска да биде своевидно Косово во ЕУ и да добива подароци, туку да биде составен дел од еден цивилизиран, економски напреден и демократски уреден свет“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе