Хрватска нема да го воведе еврото пред 2025 година

Фундаменталните показатели на земјите од централна и источна Европа (ЦИЕ) остануваат стабилни, и тоа ќе се рефлектира врз рејтинзите во следните 12 до 18 месеци, оцени американската рејтинг агенција Мудис.

EPA-EFE

Агенцијата истакнува дека изгледите за раст на ЦИЕ во среден рок остануваат силни по очекуваното опоравување од пандемијата во 2021, бидејќи овој регион е помалку изложен на долготрајна штета од последиците од ковид-19 од повеќето земји од еврозоната, а ќе профитира од евтиното финансирање од Европската Унија, пренесува хрватски Пословни дневник.

Иако нивоата на јавниот долг и буџетскиот дефицит силно пораснаа во 2020, на многумина претходното средување на јавните финансии и поголемиот фискален простор ќе им пружат отпорност во однос на другите глобални играчи од аспект на кредитоспособноста.

Меѓу нив се Хрватска и Бугарија, на кои во ноември, по влегувањето во европскиот Механизам за девизни курсеви (ЕРМ 2) им беше зголемен рејтингот на Ба1 со стабилни изгледи за Хрватска, а на Бугарија на Баа1 со стабилни изгледи.

„Иако не очекуваме Бугарија, а ни Хрватска да го воведат еврото пред 2025 година, членството во ЕРМ 2 го зајакнува кредибилитетот на бугарскиот валутен одбор и хрватскиот управуван флуктуирачки курс кон еврото намалувајќи го валутниот ризик на двете земји“, наведува Мудис.

И покрај програмите за масовна вакцинација, расплетот на здравствената криза е неизвесен, што претставува ризик за растот во 2021. Послабото опоравување од очекуваното или нова рецесија би можеле да ги загрозат јавните финансии и досегашната отпорност на банките и потенцијално да предизвикаат политички притисоци во регионот на централна и источна Европа, смета Мудис.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе