Јуриш на штедачите

Хрватите од Сбербанка подигнале повеќе од 200 милиони евра за два дена

Гувернерот на Хрватската народна банка Борис Вујчиќ изјави вчера дека граѓаните во таа земја подигнале повеќе од 200 милиони евра од Сбербанка во рок од два дена.

EPA-EFE

До тоа дошло по предупредувањето на Европската централна банка дека подружниците на руската банка во Хрватска, Словенија и Австрија веројатно ќе пропаднат. Повод за алармантното предупредување на ЕЦБ беше огромниот одлив на депозитите на клиентите на Сбербанка по воведувањето на западните санкции против Русија поради нападот на Украина, што ја загрози ликвидноста и го доведе во прашање покривањето на долговите на подружниците во спомнатите земји.

Вујчиќ кажа дека ситуацијата целосно се смирила откако Хрватската поштенска банка се согласила да ја купи Сбербанка Хрватска.

Тој ги отфрли коментарите дека станува збор за национализација на Сбербанка, наведувајќи дека станува збор за правна, а не пазарна постапка.

На прашањето како таа аквизиција ќе се одрази на процесот на воведување на еврото во Хрватска, Вујчиќ одговори дека подготовките за еврото се исклучително комплицирани, па спојувањето на овие банки ќе биде целосно спроведено по официјалното воведување на заедничката валута на еврозоната.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе