Хонда гаси 3.500 работни места во Свиндон, градот што гласаше за брегзит

Јапонскиот произведувач Хонда планира до 2022 година да ја затвори својата единствена фабрика во Британија и да укине 3.500 работни места, што со приближувањето на брегзитот е уште еден во низата удари врз автомобилската индустрија во Обединетото Кралство.

Јапонската компанија минатата година во фабриката за автомобили во Свиндон произведе 160.000 примероци од моделот „хонда сивик“, од кои околу 90 отсто се извезени во ЕУ.

Хонда денес ги потврди тие планови, за кои британските медиуми јавија вчера, откако пратеникот Џастин Томлинсон изјави дека разговарал со претставници на Хонда кои му кажале дека „се консултираат за тоа“.

„Не се очекува губење на ниедно работно место ниту промена во производството до 2021 година“, кажа Томлинсон.

„Имајќи ги предвид промените без преседан кои влијаат врз нашата индустрија, од витална важност е да ја забрзаме својата стратегија за електрификација и во рамки на тоа да ги реструктурираме глобалните операции“, изјави денес Катсуши Иноуе, претседателот на Хонда во Европа.

Синдикатот Јунајт соопшти дека таквиот потег на Хонда ќе претставува „разорен удар“.

„Автомобилската индустрија во Британија во последните две децении беше дијамантот во круната на производствениот сектор и сега е доведена на толку ниско ниво поради хаотичната несигурност околу брегзитот, креирана од ригидниот пристап кој го форсира премиерката Тереза Меј“, изјави Дес Квин од Јунајт.

Освен што ќе предизвика сериозни последици на работниците и нивните семејства, „ќе влијае и врз десетици илјади работни места во поширокиот синџир на снабдување во целата земја“, додаде Квин.

Британските медиуми, пак, тврдат дека еден од главните фактори за одлуката на Хонда да се повлече од Британија е брегзитот бидејќи јапонската компанија е загрижена поради можното воведување царини откако Британија ќе ја напушти ЕУ.

Конкурентниот јапонски произведувач на автомобили Нисан на почетокот на месецот го наведе брегзитот како една од причините за откажување на плановите за производство на нивното теренско возило „икс-трејл“ во Сандерленд. Тојота и Јагуар Ленд Ровер исто така изразија загриженост околу ризиците од брегзит без договор со ЕУ во следните месеци. Минатата недела Форд соопшти дека заминувањето од ЕУ без договор би било „катастрофално“.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе