Грција се надева дека долговите ќе ѝ бидат избришани

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа во Берлин дека се надева дека конечно ќе се отвори дијалог за тешкото прашање на големиот долг на Грција кон нејзините доверители.

Иако тие се противат на бришењето на долгот, Мицотакис се надева на позитивен резултат.

„Прво сакаме да ги вратиме довербата и кредибилитетот на Грција, поткопан со годините на кризата поради кои падна економијата“, кажа Мицотакис за својата прва средба со германската канцеларка Ангела Меркел.

„Потоа ќе разговараме за темата на долгот“, кажа Мицотакис, кој стана премиер по вонредните избори на 7 јули, кога неговата партија Нова демократија доби апсолутно мнозинство.

„Колку е растот посилен, полесно е да се задржи долгот на одржливо ниво“, кажа грчкиот премиер.

„Она што сакаме најпрво е да добиеме политички кредибилитет како влада која реформира и која пред сѐ генерира раст“, истакна тој.

Прашањето за делумно или целосно отпишување на долгот „ќе се разгледува во соодветното време со кредиторите и, евентуално, билатерално“, кажа Мицотакис.

Германија, кој ги водеше преговорите на претходната левичарска влада на Алексис Ципрас и грчките кредитори во 2015 година, секогаш ја отфрлаше идејата за делумно бришење на грчкиот долг.

Меѓутоа, долгот е голем товар за економијата која се обидува да застане на нозе, бидејќи достигнува 179 отсто од БДП.

Пред четири години Грција го премина работ на банкрот и останува под надзор на своите доверители.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе