Ова го изјави грчкиот министер за миграции и азил, пренесуваат грчките медиуми.
Позната како програма на златни визи, им овозможува петгодишна дозвола за престој на инвеститорите кои ќе купат сопственост вредна минимум 250.000 евра. Во текот на 2021 вкупно на руски купувачи им се издадени 576 златни визи, што е скок од дури 79 отсто во однос на претходната година.
По рускиот напад на Украина, грчкото министерство соопшти: „По наредба на министерот за миграции и азил Нотис Митарачи, издавањето и обновувањето на дозволите за престој во инвестициски цели кои беа во процес на разгледување за руските граѓани се суспендирани на неодредено“.
Освен тоа, грчкото министерство нема да прима нови барања за издавање на тие документи.