Грција ги укинува последните ограничувања за контрола на капиталот

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека наскоро ќе ги укине последните ограничувања кои на банкарските штедачи им беа воведени пред повеќе од четири години.

„Со укинувањето на контролата на капиталот следната недела ќе заврши долгиот циклус на нестабилност“, порача Мицотакис, а пренесува Асошиејтед прес.

Ограничувањата главно се однесуваат на трансфер на средства во странство, и за поединци и за компании.

Грчките власти во јуни 2015 воведоа контрола на капиталот за да спречат одлив на готовината од банките, бидејќи депонентите во паника поради финансиската криза вршеа масовни повлекувања на средства.

На депонентите најпрво им беше дозволено да подигнат 60 евра на ден, но тој лимит постепено беше креван за потоа да биде укинат. Грција од 2010 до 2018 година добиваше меѓународни пакети финансиска помош.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе