Тежок удар

Грчкиот туризам поради банкротот на Томас Кук губи до 500 милиони евра

Банкротот на британската туристичка компанија „Томас Кук“ е најтешкиот удар за Грција од финансиската криза во 2008 година.

Ова би можело да му предизвика загуби на грчкиот туристички сектор до 500 милиони евра, предупредуваат грчките медиуми.

Грција го заземала третото место на листата на популарни дестинации на „Томас Кук’, пошува бизнис весникот Нафтемпорики, потсетувајќи дека британската компанија минатата година во земјата довела 2,8 милиони туристи.

Во туристичката организација СЕТЕ проценуваат дека загубите поврзани со пропаѓањето на британската компанија би можеле да изнесуваат меѓу 250 и 500 милиони евра.

Здружението на грчки хотелиери (ГТП) ги проценува на околу 300 милиони евра.

„Томас Кук“ во Грција работеше четири хотели кои вработуваа вкупно 640 работници. Нивната иднина е сега неизвесна.

Грција во 2010 година влезе во длабока финансиска криза и беше присилена да спроведе тешки реформи за да добие три пакети меѓународна финансиска помош. Последниот пакет беше заклучен пред нешто помалку од една година.

Грчката економија се опорави во изминатите две години, а главната поддршка ѝ беше токму туризмот. Уделот на туризмот во грчкиот БДП изнесува 23 отсто.

Оваа администрација нема намера Скопје во догледна иднина да стане одржлив зелен град и тоа е јасно одразено во буџетот за 2020 година.

повеќе

Излегува дека само Македонците на овој свет се должни пред сè да се грижат за правата на сите други луѓе и на крајот да размислуваат (но само да размислуваат) за себе.

повеќе