Под кинеска управа

Грчки Пиреј стана најголемото контејнерско пристаниште на Медитеранот

Низ грчкото пристаниште Пиреј, крај Атина, минале најмногу контејнери со стока на Медитеранот во 2019 година.

EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Во Пирејското пристаниште била прифатена или испратена стока во количество еквивалентно на 5,56 милиони контејнери долги седум метри  во текот на 2019, според податоците на управата на пристаништето.

Освен тоа, како што пренесува Грик рипортер, вкупниот износ на наплатената пристанишна такса во тоа пристаниште пораснало на 5,4 милиони евра од 4,8 милиони во 2018 година.

Компанијата што управува со пристаништето е во мнозинска сопственост на кинескиот џин Коско шипинг и пријавила пораст на прометот од 12,3 отсто меѓугодишно на 149,2 милиони евра.

Оперативниот профит пред одбивањето на данокот на Пиреј пораснал за 12,5 отсто на 47,6 милиони евра, а нето приходите скокнале за дури 27 отсто на 35,4 милиони.

„2019 година беше најуспешната во смисла на профитабилноста. Успешниот финансиски менаџмент ѝ донесе на грчката држава дополнителни приходи од пристанишната такса, дивидендите, осигурањето“, изјави извршниот директор на управата на пристаништето Фу Ченгју.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе