Граѓаните на БиХ годинава земале пет милијарди евра кредити: „Тоа е систем за преживување“

Граѓаните на Босна и Херцеговина се задолжиле кај комерцијалните банки од почетокот на годинава за пет милијарди евра, а економските аналитичари проценуваат дека тоа е доказ за тешката материјална состојба во која се наоѓаат луѓето па со кредитирање се трудат да обезбедат голо преживување, пишува денес Дневни аваз.

Централната банка на БиХ објави дека до крајот на јуни граѓаните на БиХ кај банките се задолжиле за вкупно 4,9 милијарди евра, што е за 200 милиони евра повеќе од вкупниот износ на одобрени кредити во целата 2018.

Истворемено населението на Босна и Херцеговина во тамошните банки чува рекордни 6,5 милијарди евра. Од тоа орочените и штедните депозити изнесуваат околу 2,8 милијарди евра. Тоа е незначителен раст во споредба со 2018 година и тоа е последица на падот на каматните стапки.

„Во последните пет години се забележува постојан благ раст на кредитите на населението на годишно ниво кој се движи меѓу 3,9 и 7,3 отсто. Кредитите на граѓаните изнесуваат речиси 48 отсто од вкупно пласираните банкарски кредити и во првата половина на годината пораснаа за околу 220 милиони евра“, се наведува во анализата на Централна банка на БиХ.

Дури 75,6 отсто од сите кредити сочинуваат потрошувачките, ненаменски кредити, а станбените задолжувања во кредитирањето учествуваат со 19 отсто. На вкупниот износ на кредитите наменети за бизнисот се однесуваат едвај 2,1 отсто, а најмалку кредити се подигнати за купување автомобили, односно само 0,1 отсто.

Аналитичарите оценуваат дека задолженоста е зголемена поради тешката економска ситуација во БиХ па граѓаните во кредитите гледаат можност за обезбедување гола егзистенција.

„Се гледа дека станува збор за систем за преживување, дека кредитите станаа инструмент за преживување и функционирање на семејството. Неспорно е дека станува збор за сериозен проблем со кој треба да се бават министерствата за финансии, економија и труд“, вели за Аваз економскиот аналитичар Зоран Павловиќ и додава дека „со чудниот систем е создадена атмосфера во која мал број луѓе имаат многу пари кои им стојат заштедени“.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе