Голем пад на турската лира откако Ердоган го смени гувернерот

Во фокусот на инвеститорите од вчера е турската лира, која остро падна, откако турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на викендот го смени шефот на централната банка, со критика дека каматните стапки се високи.

EPA-EFE

Курсот на доларот скокна за околу 12 отсто, на 8,05 лири, што е најголемиот дневен пад на турската валута од август 2018 година и тогашната финансиска криза.

„На властите им преостануваат два избори или ќе порачаат да се користат каматните стапки, за да се стабилизира пазарот, или ќе воведат капитални контроли. Верувам дека Ердоган ќе се одлучи за ова второто“, кажа Пер Хамарлунд, задолжен за стратегија на пазарите во развој во компанијата СЕБ рисрч.

Сепак, не се очекува поголемо влијание на нарушувањето на турскиот финансиски пазар врз други земји во развој, пренесува Си-ен-ен.

Ердоган верува во неортодоксниот пристап кон монетарната политика базиран на одржување ниски каматни стапки за да се избегне инфлација.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе