Годишната инфлација во Венецуела е поголема од 2 милиони отсто

Инфлацијата во Венецуела во февруари била 53,7 отсто на месечно ниво па така стапката на инфлација во минатата година се искачила на 2.295.981 отсто, се наведува во парламентарниот извештај објавен денес, во кој по дефектот на електромрежата се најавуваат најлошите статистички податоци за март.

Порастот на цените забележа благо забавување по скокот од 191,6 отсто во јануари, но пратеникот Хозе Гера од финансискиот одбор на Националното собрание оцени дека март ќе донесе „ново забрзување“ поради дефектот кој на 7 март ја погоди земјата и ја парализираше економијата.

Поради затворањето на банките и недостигот од боливари во оптек за плаќање на производите, повеќето трансакции се одвиваат во долари, што придонесува на падот на локалната валута. Најкрупната банкнота е од 500 боливари. Литар млеко чини речиси 10.000, а едно пиле од 10 до 20.000 боливари.

Владата на Николас Мадуро во август минатата година почна програма на реформи за сопирање на кризата и прогласи девалвација на домашната валута од 96 отсто.

Од тогаш вредноста на валутата падна за уште 98 отсто па Меѓународниот монетарен фонд предвиде инфлација од 10.000.000 отсто на годишно ниво. Централната банка од февруати 2016 повеќе не ги објавува своите економски индикатори па таа задача ја презема парламентот во кој мнозинството го има опозицијата.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе