Глобалната трговија би можела поради блокадата на Суецкиот канал неделно да губи и до 10 милијарди долари

Блокадата на сообраќајот во Суецкиот канал поради големиот насукан брод би можела да ја чини глобалната трговија меѓу 6 и 10 милијарди долари неделно, покажа истражување на германската осигурителна компанија Алијанц.

EPA-EFE

Секоја недела блокадата би можела да ја скастри стапката на раст на светската трговија за околу 0,2 до 0,4 процентни бода, покажува понатаму студијата на најголемиот европски осигурувач, објавена денес.

Пандемијата предизвика големи проблеми во глобалната трговија поради затворањето на границите и ограничувањето на движењето, кои го попречуваат сообраќајот и непречениот проток на стоката.

Оваа недела им се придружи и блокадата на транзитот низ Суецкиот канал поради насукувањето на 400-метарскиот товарен брод „Евер гивен“.

„Проблемот е што блокадата на Суецкиот канал е капката која ја прелеа чашата за глобалната трговија“, пишуваат авторите на студијата.

 „Прво, роковите на испорака на стоката се продолжени од почетокот на годината, и се во Европа се подолги отколку што беа кога пандемијата на ковид-19 беше во полн ек“, предупредуваат тие.

Во САД ситуацијата е уште полоша, и на стоката ѝ е потребно двојно повеќе време за да стигне до нарачателот, покажува студијата, бидејќи резервите се исцрпиле во очекување на јакнењето на побарувачката кое требаше да го поттикнат субвенциите на администрацијата на Џо Бајден.

Управата на Суецкиот канал денес ги интензивираше обидите да го одглави бродот и да ја ослободи важната светска транзитна рута, чија блокада значително ги крена трошоците за танкерите и ги наруши глобалните синџири на снабдување.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе