Германските директни вложувања во Русија достигнаа најголем износ во последните 10 години

Германските директни инвестиции во Русија минатата година достигнале најголемо ниво во последните 10 години, објави германско-руската стопанска комора.

Според податоците на Бундесбанк, германската централна банка, вредноста на германските директни инвестиции во Русија минатата година била зголемена на две милијарди евра.

„Станува збор за една од највисоките вредности во периодот по пропаѓањето на Советскиот Сојуз“, истакна Комората во соопштение.

Претходната рекордна вредност, од 3,6 милијарди евра, е забележана пред десет години, во 2008.

Билатералните односи беа сериозно нарушени во 2014 година поради улогата на Москва во украинската криза, па Европската Унија, Соединетите Држави и останатите западни сили ѝ воведоа санкции на Русија.

Зависноста на Русија од извозот на сировини, пред сѐ нафта и гас, резултираше со забавување на руската економија, што во комбинација со санкциите предизвика слабеење на руската рубља во однос на еврото.

Со тоа рубљата стана популарна кај западните инвеститори, а руската работна сила привлечна за германските компании поради големиот број експерти обучени на Западот, се истакнува во соопштението на германско-руската стопанска комора.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе