Германскиот автомобилски гигант Дајмлер укинува 15 илјади работни места

Германскиот автомобилски гигант Дајмлер (Мерцедес бенц) се подготвува да укине 15.000 работни места, значително повеќе од првичните планови, за да ги намали трошоците и да ги надмине тешкиот период во автомобилската индустрија, јавуваат германските медиуми.

Претседателот на управата Ола Калениус би требало утре да го најави укинувањето на работните места, паралелно со објавувањето на бизнис резултатите, пишува економскиот дневен весник Ханделсблат, цитирајќи неименувани извори од компанијата.

Компанијата ќе се труди да го намали бројот на работници нудејќи им испратнини, привремени односно делумни пензии. Целта е да се намалат трошоците за повеќе од 1,4 милијарди евра поради тешката ситуација во германскиот автомобилски сектор.

Досега произведувачот на луксузни автомобили со седиште во Штутгарт, во чија сопственост е Мерцедес, планираше да укине 10 илјади работни места.

Од Дајмлер одбиле да го коментираат извештајот на Ханделсблат.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе