Германската влада минатата година на бегалците и емигрантите потрошила 23 милијарди евра

Германската влада минатата година за бегалците и емигрантите потрошила рекордна сума од 23 милијарди евра, јавува агенцијата Ројтерс повикувајќи се на интерни документи на германската влада.

Германија во 2018 на олеснувањето на емиграцијата на над милион бегалци дома и на отстранување на причините за бегање во земјите на потекло потрошила 23 милијарди евра, што е десет отсто повеќе од една година претходно, се дознава од документи на германското министерство за финансии, пишува британската агенција.

Најмногу пораснала ставката која се однесува на борбата против причините поради кои бегалците се решаваат да ги напуштат земјите на потекло и да се упатат кон Германија.

Берлин така со 7,9 милијарди евра, или 16 отсто повеќе од една година претходно, им помага на неколку африкански земји во подобрувањето на условите за живот на граѓаните, што би требало да го намали бројот на бегалците кои доаѓаат во Европската Унија.

Германија во 2015 и 2016 година го прими најголемиот дел од над милион бегалци и емигранти главно од Сирија, но и од Ирак и Авганистан.

Во последните години расте бројот на азиланти од Африка, особено Нигерија.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе