Германската влада го отежнува преземањето на германските компании за време на пандемијата

Германската влада во услови на пандемијата на коронавирусот реши да го отежне преземањето на германските компании од инвеститори надвор од Европската Унија и даде согласнот за нереализирани услуги на потрошувачите наместо пари да им се вратат бонови.

„Многу либералното германско законодавство за надворешната трговија ќе биде сменето со цел да се заштитат германските безбедносни интереси“, изјави германскиот министер за економија Петер Алмајер по седницата на владата на која беше донесена одлука за дополнителен пакет законски промени.

Целта е да се отежне преземање на делови од економијата кои се од стратегиска важност, како компаниите кои произведуваат вакцини, но и енергетските компании.

Алтмајер најави дека „во скора иднина“ ќе се размислува и за тоа како производството на важниот медицински материјал повторно да се врати во Европа.

Плановите за заострување на законите кои на странските инвеститори би им го отежнало преземањето на стратегиски важните компании се донесени уште пред избивањето на пандемијата, но некои случаи, како обидот една германска фармацевтска компанија која работи на развивање вакцина за коронавирусот да ги пресели погоните во САД, ѝ дале нова димензија на проблемот.

На истата седница германската влада донесе одлука за обештетување на корисниците на услуги кои поради пандемијата не можеле да искористат билет за концерт, театарска претстава или некој друг настан.

Притоа е одлучено да не им се враќаат парите, туку да им се даваат бонови во вредност на платената нереализирана услуга. Боновите ќе можат да се употребат по завршувањето на кризата.

Соопштено е и дека германската влада за слично решение, особено за воздухопловните летови и туристичките агенции, се бори и на ниво на ЕУ.

„Од Европската комисија писмено е побарано да се донесе или едно решение на ниво на ЕУ или краткорочно да им се овомзожи на земјите-членки самите да дејствуваат по тоа прашање“, се вели во соопштението на германската влада.

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе