„Гарантирање на безбедноста на снабдувањето“

Германија национализираше филијала на Газпром, Полска го става под своја контрола рускиот удел во Еуропол гас

Германската држава објави дека ја национализира германската филијала на руски Газпром за да ја спаси презадолжената компанија со која управува од април од банкрот.

EPA-EFE

Газпром исто така ќе изгуби дел од контролата во друга стратегиска инфраструктура за снабдување со гас во Европа, во гасоводот Јамал – Европа чиј голем дел минува низ Полска.

Полска објави дека го става под државна контрола рускиот удел во компанијата Еуропол гас кој управува со гасоводот Јамал на полска територија.

„Одлуката која Полска денес ја донесе е потребна за добро функционирање на Еуропол гас, за да се избегне парализата во одлучувањето во таа фирма и да се осигури безбедноста на критичната инфраструктура наменета за транспорт на гас“, кажа полскиот министер за развој Малдегем Бида во соопштение.

Газпром имаше 48 отсто од сопственоста на таа компанија, а полската држава 52 отсто.

Во двата случаи целта на овие државни интервенции наводно е да се гарантира безбедноста на снабдувањето со гас во контекст на енергетското натегање меѓу Москва и Западот од почетокот на руската инвазија во Украина.

Берлин така национализира втор пат за неколку месеци водечка енергетска група, откако веќе ја спаси германската компанија Јунипер, погодена од прекините на дотокот на руски гас.

Германската филијала на Газпром, преименувана во СЕФЕ, е клучната компанија за снабдување на Германија со енергија, наведе министерството за економија.

Меѓу нејзините клиенти се градските јавни служби и таа има удел од околу 20 отсто на германскиот пазар. Групата има бројни инфраструктури за транспорт и складирање на гас, меѓу кои и најголемиот резервоар во Европа кој се наоѓа во Рехден, на северозападот на земјата.

Газпром, единствениот акционер на Газпром Германија, објави на 1 април дека ја повлекол својата актива од таа компанија.

Берлин сакаше да избегне фирмата да падне во непријателски раце што би можело да доведе до нејзина ликвидација, и пролетва ја презема контролата над компанијата.

Според изводот датиран на крајот на август СЕФЕ имал милијарда евра свој капитал и три милијарди долг, што значи дека е во ситуација на презадолженост.

„Комерцијалните партнери и банки ги суспендираа деловните односи со таа компанија или се неволни да склучат нови“, наведе германското министерство за економија.

Берлин мерките за опоравување на национализираната компанија ќе ги финансира од планот за поддршка од 200 милијарди евра, усвоен на почетокот на октомври за заштита на стопанството во енергетската криза, кој го критикуваа повеќе европски земји.

Силно зависна од рускиот гас пред почетокот на инвазијата во Украина, Германија беше приморана да најде алтернативи за тој увоз, што доведе до скок на нејзините трошоци за енергенси.

Откако Газпром во септември престана да ѝ испорачува на Германија гас преку гасоводот Северен тек, руската компанија целосно ги суспендираше испораките на гас на Полска во рамки на договорот Јамал.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе