Германија ќе прими сезонски работници и покрај пандемијата

Германија повторно им дозволи влез во земјата на сезонските работници во земјоделството откако земјоделскиот сектор предупреди на можен прекин на снабдувањето со храна.

Властите затоа, една недела по воведувањето на забраната, сепак дозволија доаѓање на 80.000 работници.

„Ова е добра вест за нашите земјоделци. Ни жетвата ни сеидбата не чекаат“, изјави германската министерка за земјоделство Јулија Клокнер, а пренесува Фајненшал тајмс.

Хорст Зехофер, германскиот министер за внатрешни работи, кажа дека државата и економијата мора да продолжат и покрај пандемијата и дека е најдено решение кое ќе обезбеди жетва, но истовремено ќе продолжи да го штити здравјето на населението.

Според новата одредба, германските фарми ќе можат во април и мај да доведат вкупно 80.000 работници. Дополнително владата бара фармите да вработат уште 20.000 работници кои се во моментов невработени во Германија, кои се студенти или баратели на азил. Се проценува дека на земјоделците во следните месеци ќе им бидат потребни најмалку 100.000 дополнителни работници.

Бидејќи шенгенската зона е официјално затворена за странците барем до средината на април, голем број емигранти нема да можат да допатуваат во избраните земји на работните места кои ги планирале за пролет и лето.

Земјите како Франција, Британија и Шпанија планираат во земјоделскиот сектор да вклучат што е можно повеќе домашни работници. Француската влада постави интернет страница на која со земјоделците се поврзуваат работници кои неодамна добиле отказ во туристичкиот сектор. Но допрва треба да се види дали ќе има доволно домашни работници за сѐ што е потребно.

Само во Франција за време на сезоната на берба се потребни 800.000 сезонски работници, а околу две третини од нив доаѓаат од странство. Германија обично се потпира на 300.000 сезонски работници годишно кои доаѓаат од Источна Европа (главно од Романија). Во Британија годишно доаѓаат меѓу 70.000 и 80.000 работници, главно од Романија и Бугарија.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе