Германија ќе дели пари за да ја спаси економијата

Пандемијата на коронавирусот уште сега има големо влијание врз светската економија, а експертите предупредуваат дека најлошото допрва нѐ очекува бидејќи светот ќе влезе во полоша рецесија од кризата во 2008.

Државите мораа привремено да го сопрат работењето на несуштинските компании за функционирањето на општеството, а меѓу нив е и Германија каде досега се забележани 53.340 случаи со 395 мртви.

Германија пред три дена донесе пакет мерки со цел заштита на работниците и бизнисите низ земјата. Британски Економист ваквиот пакет го нарекува најкомплетен во Европа и се состои од неколку делови.

Главната мерка е проширувањето на мерките за краткотрајна работа што Германците го нарекуваат „курцарбајт“. Државата ќе исплати 60-67 отсто од платите на работниците со скратено работно време. Истата мерка е копирана низ Европа и помогна да се сочуваат работните места во Германија од 2008 до 2009 година, но сега е потребно да се направи многу повеќе за бизнисите кои преку ноќ останаа без муштерии како хотелите, рестораните, кафулињата и слично.

Владата затоа планира да го прошири курцарбајт на 2,15 милиони работници што ќе ги чини 10 милијарди евра за една година.

Големите фирми можат да искористат дел од 400 милијарди евра кои ги обезбеди Економскиот стабилизациски фонд. Дополнителни 100 милијарди можат да повлечат претприемачите за директни инвестиции во капиталот на своите компании. Малите и средните претприемачи како и фриленсерите можат да добијат од деве до 15 илјади евра за да ги покријат трошоците како на пример плаќање на киријата за бизнис просторот ако можат да докажат дека пандемијата имача влијание врз нивното работење. Министерот за финансии Олаф Шолц вети нови мерки за претприемачите по минувањето на пандемијата.

Германија така уште сега обезбеди барем 750 милијарди евра помош за својата економија, а до тоа дојде со тоа што се ослободи од многу „свети крави“.

Така е укината политиката за незадолжување која е на сила од 2014 и која го лимитира задолжување на државата на 0,35 отсто од вкупниот бруто домашен производ. Германија веќе се задолжи 156 милијарди евра годинава, односно 4 отсто од вкупниот БДП.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе