Германската влада соопшти дека ја активирала фазата на „тревога“, поради намалувањето на испораката на рускиот гас и високите цени на тој енергенс на пазарот. Третата фаза од планот означува „вонредна состојба“, а германската влада соопшти дека претходно ги известила европските партнери за одлуката.
Од владата додаваат дека складиштата за гас во моментов се исполнети до 58 отсто од капацитетот, што е повеќе од лани, а дека до декември без дополнителни мерки не може да се пополнат 90 отсто од капацитетите.
Министерот за економија Роберт Хабек рече дека „ситуацијата е сериозна“.
„Намалувањето на снабдувањето со гас што го воведе Путин е економски напад врз нас. Ние ќе се браниме. Но нашата земја ќе мора да тргне по трнлив пат. Дури и да не го чувствуваме тоа во моментов, нашата земја веќе е во гасна криза“, рече Хабек.