Геополитичките тензии и слабата побарувачка ги спуштија цените на нафтата кон 35 долари

Цените на нафтата паднаа денес на меѓународните пазари кон 35 долари поради слабата побарувачка за гориво во САД, стравот од втор бран ба заразата со коронавирусот в Јужна Кореја и влошените односи на САД и Кина.

EPA-EFE

На лондонскиот пазар цената на барелот за испорака во јуни падна за 72 центи во однос на претходното затворање и изнесуваше 34,57 долари. Во истиот износ е е намалена и за договорите за испорака во август, со кои повеќе се тргуваше, спуштајќи се на 35,31 долар.

На американскиот пазар со барелот се тргуваше по 83 центи пониска цена, од 32,88 долари.

Трговците денес се фокусираа на извештајот на американската влада кој покажа голем скок на резервите на сирова нафта во минатата недела, за 7,9 милиони барели.

Побарувачката за гориво сѐ уште е слаба и покрај укинувањето на ограничувањата на патувањата кои беа воведени во многу земји за да се сузбие ширењето на коронавирусот, констатираат аналитичарите.

Пазарот го загрижува и разгорувањето на тензиите мешу САД и Кина поради кинескиот предлог закон за безбедност во Хонг Конг. Американскиот претседател Доналд Трамп најави одговор и денес ќе одржи прес-конференција на тема Кина. Не кажа што точно ќе зборува.

Вниманието повторно се врти кон редовната средба на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК и нејзините сојузници, вклучувајќи ја Русија, која би требало да се одржи во втората недела на јуни.

Саудиска Арабија и некои членки на ОПЕК размислуваат за продолжување на договорот за намалување на снабдувањето за рекордни 9,7 милиони барели дневно во втората половина од годината, но сѐ уште немаат поддршка од Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе