Газпром предупредува од ризиците на транзитот на гас низ Белорусија и Украина

Неизвесноста околу политичката иднина на Белорусија создава ризици за стабилниот транзит на рускиот гас во Европа, а континуиран ризик е присутен и за транзитот низ Украина, предупреди рускиот гасен концерн Газпром во извештајот кој го следи издавањето на неговите еврообврзници.

EPA-EFE

„Актуелните политички немири во Белорусија и неизвесноста околу идниот развој на ситуацијата ги зголемуваат ризиците за редовните активности на нашата подружница Газпром Трансгаз Белорусија, особено ризиците за попречување на транзитот на нашиот гас низ белорускиот дел од гасоводот Јамал – Европа“, се наведува во документот.

Газпром забележува и континуиран ризик за транзитот низ Украина.

„Со пречките кои можат да бидат предизвикани од комерцијалните спорови, нашиот транзит на природен гас низ гасоводите во Украина исто така може да биде нарушен ако Украина не може правилно да ги одржува и да ја гарантира безбедноста на своите гасоводи поради актуелниот воен конфликт или недостигот од финансиски средства“, се наведува во документот.

Случајно или не, Газпром предупредувањата ги објави додека се очекува одлуката на полскиот антимонополски регулатор УОКиК кој се однесува на изведувачите на работите и на финансиерите на гасоводот Северен тек 2, со кој рускиот гас преку Балтичко Море би се доставувал во Германија и понатаму во Европа.

Снабдувањето на Европа со гас во голема мера зависи од увозот од Русија, но не сите Европејци се позитивно расположени кон Северен тек 2. Меѓу противниците се Полска и Украина. Полска предупредува дека новиот гасовод, чија изградба е прекината поради американските санкции кон изведувачите, ќе ја зголеми европската зависност од рускиот гас, а на Москва ќе ѝ даде моќен политички лост за ширење на своите интереси во Европа.

Украина, пак, стравува од губењето на значајните транзитни приходи.

Официјална Москва, од друга страна, ја истакнува комерцијалната природа на проектот и ја негира неговата политичка димензија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе