Газпром го прекинува транспортот на рускиот гас преку Полска

Рускиот енергетски џин Газпром соопшти дека повеќе не може да извезува гас преку гасоводот Јамал-Европа преку Полска.

EPA-EFE

Причина за тоа е што руската влада забрани работење со сопственикот на полската траса од гасоводот.

„Спроведена е во дело забраната на трансакции и плаќање на субјекти под санкции. За Газпром тоа значи забрана за користење на гасоводот во сопственост на Еуропол газ за транспорт на рускиот гас преку Полска“, се наведува во соопштението на руската компанија.

Русија во средата им воведе санкции на подружниците на Газпром во „непријателските земји“, вклучувајќи ја компанијата за трговија, складирање и транспорт на енергија Газпром Германија која Берлин во април ја национализираше за да го обезбеди снабдувањето со гас.

Москва на тоа возврати на казнените мерки кои САД, ЕУ, Швајцарија и уште некои земји ѝ ги воведоа на Русија поради нејзиниот напад на Украина.

Санкционираните компании не можат да учествуваат во испораката на рускиот гас и со нив не смее да се соработува, кажа портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Полски Еуропол газ заработува на транзитот на рускиот гас и е во заедничка сопственост на полската гасна компанија ПГНиГ и руски Газпром.

Русија во април ја прекина испораката на газ на Полска откако Варшава го одби новиот механизам за наплата на гас во рубли, но полските купувачи продолжија да го добиваат рускиот гас, користејќи го обратниот проток на гас во Јамал, од Германија кон исток.

Пред објавата на Газпром цената на гасот денес на холандската берза скокна за околу 20 отсто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе