Газпром ги отфрли обвинувањата дека не ѝ испраќа доволно количество гас на Европа

Рускиот државен енергетски концерн Газпром ги отфрли обвинувањата дека во Европа испраќа недоволни количества гас, истакнувајќи дека испраќа рекордни количества.

EPA-EFE

„Снабдувањето на гасоводите од Русија во Европа во 2021 година е на историски врв, а Газпром го зголеми производството на гас за 18,4 отсто во однос на минатата година. Обвинувањата дека Газпром не ја снабдува Европа со доволни количества гас се апсурдни“, кажа шефот на одделот за договарање и цени во Газпром експорт Сергеј Комлев.

Тој тврди дека Европа го зголемила увозот на гас доставен со гасоводите во првата половина од оваа за 31,5 милијарди кубни метри или 33 отсто во однос на истиот лански период и дека истовремено го зголемила увозот на руски гас за 17,2 милијарди кубни метри или 22 отсто.

„Испораките на гасот на Газпром се на историско високо ниво, а растот главно се однесува на најважните купувачи“, тврди Комлев.

Како главни потрошувачи ги наведе Германија, Турција и Италија.

Производството на Газпром до крајот на јули, според првичните податоци, достигнало 298,2 милијарди кубни метри, што е 18,4 отсто повеќе од истиот период минатата година.

„Истовремено извозот порасна за 23,3 отсто, а испораките во далечното странство на 115,3 милијарди кубни метри. Тие податоци ја докажуваат апсурдноста на обвинувањата против Газпром за недоволно снабдување“, заклучи Комлев.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе