Газпром ги испорача првите милијарда кубни метри гас низ Турски тек

Газпром ги испорача првите милијарда кубни метри гас низ гасоводот Турски тек, објави руската компанија.

Од тоа 540 милиони кубици заминале на турскиот пазар, а останатите 460 милиони биле испорачани на границата меѓу Турција и Бугарија, за европските купувачи.

Турски тек и извозен гасовод кој се протега од Русија до Турција преку Црното Море, проектиран со капацитет од 31,5 милијарди кубни метри годишно.

Комерцијалното снабдување со гас почна на 1 јануари годинава, а свечената церемонија на отворањето беше одржана на 8 јануари.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе