Г20 земјите ќе вложат 5 билиони долари за спас на светската економија

Земјите од Групата 20 најразвиени светски земји одлучија во спасувањето на глобалната економија поради пандемијата на коронавирусот да вложат 5 билиони, односно 5 илјади милијарди долари. Веста е објавена по одржаната видео-конференција.

„Невидената пандемија на коронавирусот е моќен потсетник за нашата поврзаност и ранливост. Овој вирус не ги почитува границите. Борбата против вирусот бара транспарентен, силен и добро координиран одговор заснован врз науката и духот на солидарноста. Силно сме посветени да покажеме обединетост против оваа заедничка закана“, се наведува во официјалното соопштение на Г20.

Членки на Г20 се Аргентина, Бразил, Кина, Германија, Индонезија, Јапонија, Австралија, Канада, Франција, Индија, Мексико, Италија, Јужна Кореја, Русија, Турција, САД, Јужна Африка, Саудиска Арабија, Британија и ЕУ.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе