Фунтата нагло падна откако Џонсон побара од кралицата да го распушти парламентот

Бизнис-лидерите се во паника поради влијанието врз економијата, откако стерлингот падна на најниското ниво во последниве шест дена.

Вредноста на фунтата утрово нагло падна во однос на еврото и доларот, откако Борис Џонсон ги објави плановите за суспендирање на парламентот, со што се зголемуваат шансите за излез од ЕУ без договор.

Стерлингот падна за повеќе од еден цент во однос на американскиот долар на најниско ниво последниве шест дена под 1,22 американски долар, а за речиси исто толку и во однос на еврото, на 1,096 евро.

Финансиските пазари беа фатени неспремни од „валканата тактика“ на Борис Џонсон, вели аналитичар на пазарот за Гардијан.

Стерлингот малку заздраве до пладнето, кога пратениците изразија гнев кон планот на премиерот. Повеќе големи бизнисмени реагираа алармантно поради потенцијалното влијание врз економијата.

Крег Ерлам, искусен аналитичар на пазарот во финансиската трговска фирма Оанда, рече: „Ова не е првпат да слушаме за вакви валкани тактики, но постоеше надеж дека ваквите недемократски мерки нема да бидат потребни или употребени. Во секој случај, ова секако ги фати пазарите неспремни“.

Аналитичарите велат дека тоа што владата се залага за затворање на парламентот ќе ја зголеми веројатноста за излегување од ЕУ без договор, што ќе биде штетно за економијата, додека реакцијата од пратениците може да доведе до предвремени избори.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе