Франција има 100 милијарди долари вредна трговска размена со исламските земји

Бојкотот на француските производи е сѐ помасовен во земјите од исламскиот свет, по изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон за исламот и муслиманите. Бројни муслимански земји, меѓу кои Турција, едногласно го осудија она што го гледаат како нападит врз исламот и муслиманите во Франција, а на социјалните мрежи почнаа кампањи против француските производи.

EPA-EFE

Според податоците на агенцијата Анадолу, надворешнотрговската размена на Франција со земјите од исламскиот свет има голема улога во меѓународната трговија на таа земја, а обемот на трговската размена надминува 100 милијарди долари.

Како што јавува турската агенција, во некои муслимански земји од полиците во маркетите се тргнати француските производи. Кампањите веднаш наишле на голема поддршка на социјалните мрежи, а таквата појава ги загрижила француските власт, бидејќи тоа би можел да биде голем удар врз француската економија.

Министерството за надворешни работи на Франција пред два дена повика на сопирање на тие кампањи насочени против француските производи и патувањата во таа земја.

Се поставува прашањето колку бојкотот на француските прозиводи во исламскиот свет, односно во земјите во кои живеат значителен број муслимани, може негативно да влијае врз економијата на Франција.

Франција, со 67 милиони жители, во 2019 година забележала увоз вреден 639 милијарди долари, а истовремено извезла 555 милијарди долари.

Машините сочинуваат 12 отсто од вкупниот извоз на Франција, 9,6 отсто воздухопловството, 9,5 отсто возилата, 7,8 отсто опремата, 6,4 отсто лековите, 3,8 отсто пластиката, 3,6 отсто парфемите и козметиката, а 3,5 отсто пијалаците.

Водечките производи кои ги извезувала земјата биле машини и компјутери со процент од 13,1, возилата со 11,5 отсто, разни горива 10,3 отсто, опрема со 8,9 отсто и лекови со 3,9 отсто.

Франција во исламските земји во 2019 извезла приближно 45,8 милијарди долари, а од тие земји увезла 58 милијарди долари.

Земјите од исламскиот свет од Франција најмногу добивале машини, гасни турбини, воздухопловни производи, котли, делови за моторни возила, автомобили, трактори, прозиводи од железо и челик, електрична и електронска опрема и лекови.

Франција од исламските земји увезувала производи како сирова нафта, природен гас, минерални масла, моторни возила, автомобилски делови, сателитски приемници, електрични грејачи, кабли, облека, овошје, зеленчук.

Франција во 2019 година најголем извоз остварила кон Турција (6,66 милијарди долари), потоа Алжир (5,5 милијарди), Мароко (5,34 милијарди), Катар (4,3 милијарди доалри), Тунис (3,74 милијарди долари), Обединетите Арапски Емирати (3,67 милијарди долари), Саудиска Арабија (3,34 милијарди), Египет (2,58 милијарди долари), Индонезија (1,75 милијарди долари), Малезија (1,68 милијарди) и Сенегал (1,2 милијарди долари).

Меѓу земјите со значителна муслиманска популација со кои оствариле извоз помал од милијарда долари се Нигерија, Либан, Кувајт, Оман, Казахстан, Бахреин, Пакистан, Иран, Мали, Бангладеш, Јордан, Либија, Азербејџан, Узбекистан, Туркменистан, Босна и Херцеговина, Чад, Судан, Сирија, Киргистан и Авганистан.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе