Франција го кочи новиот кинески „пат на свилата“

За разлика од Италија, Франција нема намера да го потпише рамковниот договор со Кина за учество во големите инфраструктурни проекти од новиот „пат на свилата“ на Пекинг.

Договорот би требало да се потпише во рамки на инцијативата „Новиот пат на свилата“ при претстојната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Како што соопшти француското претседателство, европските земји треба да го усогласат ставот кон Кина. Франција стравува дека доколку нема координација некои земји би можеле да потпишат договори со Кина според кои ќе преземат преголеми обврски.

Италија минатата недела најави дека планира со Кина да го потпише нацрт договорот за новиот пат на свилата при посетата на кинескиот претседател кој од четврток ќе ги посети Италија, Монако и Франција.

Француското претседателство наведе дека Франција не планира да го следи истиот пристап како Италија и дека предност им дава на конкретните проекти со Пекинг.

Новиот пат на свилата, или „Еден појас, еден пат“ како што го нарекува Пекинг, е голем инфраструктурен проект кој кинескиот претседател Си Џинпинг го почна во 2013 година. Според него се предвидува изградба на патишта, пристаништа, железнички пруги и индустриски паркови во вредност од 1.000 милијарди долари во Азија, Европа и Африка.

Лидерите на земјите членки на ЕУ ќе разговараат за стратегијата кон Кина за време на неформалниот самит во четврток и петок во Брисел, се наведува во соопштението на француското претседателство, одноно пред самитот ЕУ-Кина во април и самитот за патот на свилата во Пекинг.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе