Интервју со српската премиерка

Форбс: Импресивен напредок на Србија во последните четири години

Од малите земји во кои се случуваат големи нешта можеме многу да научиме, заклучува угледниот американски магазин Форбс кој во новиот број носи интервју со претседателката на српската влада Ана Брнабиќ, со оценка дека Србија остварила навистина импресивен економски напредок во последните четири години.

EPA-EFE

„Иако критичарите и политичките противници и понатаму се сомничави, што е секогаш случајот, владите би требало да ги оценуваме според нивните активности и резултати“, наведува магазинот истакнувајќи дека српската влада во 2017, која тогаш ја водеше сегашниот претседател Александар Вучиќ, се фокусираше на економскиот раст, привлекувањето странски инвестиции, јакнењето на врските со странство, со цел на крајот да се придружи на Европската Унија.

Досега, напредокот за четири години, истакнува весникот, беше импресивен, напоменувајќи дека Светската банка известува дека земјата продолжува да спроведува програми за решавање на структурните слабости, зголемување на ефикасноста на јавниот сектор и елиминирање на тесното грло во растот на приватниот сектор.

„Иако пред земјата е долг пат, предизвикот кој го прифаќаат Вучиќ и Брнабиќ, моментот е на нивна страна“, се додава во текстот на Форбс.

Глобална студија за дигиталниот напредок која ја спровеле истражувачи на школата Флечер од Универзитетот Тафтс, која ја водел Баскар Чакраворти, оценила 90 економии врз основа на 160 показатели, при што, како што е објавено во Харвард бизнис ревијата, Србија е рангирана како економија во пробив, која ја карактеризира ограничена постоечка дигитална инфраструктура, но која брзо се дигитализира.

Претставувајќи им ја на читателите премиерката на Србија Ана Брнабиќ, Роб Волкот, професор по иновации и претприемаштво на две најпрестижни школи за бизнис во светот – Бат бизнис школата на Универзитетот на Чикаго и Келог школата за менаџмент на Северозападниот универзитет, инвеститор во над 20 компании и основач и претседател на глобалната мрежа за иновации ТВИН, истакнува дека таа станала неуморен заговорник на две приоритетни задачи – дигитализацијата и образованието.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе