Фолксваген може да замине од Германија поради недостигот од гас

Во Германија расте загриженоста поради одлуката на Русија да ги намали испораките гас во Европа поради што државата би можела да биде присилена да го ограничи индустриското производство. Иако складиштата за гас се наполнети речиси до 90 отсто, на војната не ѝ се наѕира крајот и тоа ја загрижува автомобилската компанија Фолксваген.

EPA-EFE

Фолксваген, најголемиот европски произведувач на автомобили, соопшти дека се разгледува опцијата на преселување на производните капацитети на некои произведувачи на компоненти во среднорочен период ако недостигот од гас потрае и по оваа зима.

Доставувачите во централна и источна Европа најмногу зависат од рускиот гас, а Фолксваген има големи фабрики во Германија, Чешка и Словачка, како и погони во јужна Европа.

„Фокусирани сме на поголема локализација, преселување на производните капацитети или технички алтернативи, слично на она што е веќе вообичаена пракса во контекст на предизвиците поврзани со недостигот на полупроводници и другите неодамнешни нарушувања во ланецот на снабдување“, кажа Генг Ву, шефот на набавки на Фолксваген, пренесува Блумберг.

„Југозападна Европа или крајбрежните зони на северна Европа, кои имаат подобар пристап до течниот природен гас, би можеле да имаат корист од секоја промена на производството“, кажа портпаролот на Фолксваген.

Доставувачите кои би се преселиле во тие подрачја, би гравитирале кон постоечките фабрики за автомобили на Фолксваген групата во Португалија, Шпанија и Белгија.

Коментарите на Фолксваген ја одразуваат загриженоста на другите произведувачи на автомобили и капацитетите на нивните доставувачи да продолжат да произведуваат делови додека растат цените на енергенсите.

Мерцедес бенц соопшти дека работи на идентификување на доставувачите со седиште во Германија кои би биле изложени на ризик од рационализација на гасот и дека со нив преговара за преместување на производството на локации надвор од Германија.

„Политичарите мора да ја зауздаат моменталната неконтролирана експлозија на цените на гасот и струјата“, кажа Томас Штег, шеф на односите со јавноста на Фолксваген. „Во спротивно особено малите и средните енергетски интензивни фирми ќе имаат големи проблеми во ланецот на снабдување и ќе мора да го намалат или да го сопрат производството“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе