Фајненшл тајмс: Време е за ресетирање на капитализмот

Фајненшл тајмс почнува кампања со која, како што тврдат, сакаат да го реформираат капитализмот. Имено, овој меѓународен магазин со специјален акцент на бизнис и економските вести ја почнува кампањата „Нова агенда“.

„Капитализам. Време е за ресетирање“, пишува со црни букви на жолтата насловна страница, а под тоа пишува „Бизнисот мора да носи профит, но мора да служи и на цел“.

Целта на кампањата е промоција на јакнењето на целисходноста на корпоративното работење, а за да ја одбележат оваа промена, на еден ден престанаа да ја наплаќаат претплатата.

„Либерално-капиталистичкиот модел донесе мир, благосостојба и технолошки развој во последните 50 години и драстично ја намали сиромаштијата и го доведе животниот стандард на повисоко ниво. Меѓутоа, во деценијата по глобалната финансиска криза овој модел се најде под притисок, особено неговото нагласување на максимализирањето на добивката и вредноста за акционерите. Овие принципи на добро работење се секако нужни, но не се покажаа како доволни“, пишува уредникот на ФТ Лајонел Барбер.

Тој објасни како, накратко, е потребно да се реформира капиталистичкиот бизнис модел на начин да задоволува и други цели освен остварувањето профит.

„Долгорочното здравје на капитализмот заснован врз принципите на слободниот пазар ќе зависи од тоа дали може да се постигне добивка, но со цел. Компаниите ќе сфатат дека таа комбинација го задоволува и нивниот интерес, како и оној на нивните купувачи и вработени. Без овие промени идното лекување би можело да стане значително потешко и поболно. Капитализмот заснован врз слободниот пазар веќе покажа дека има фасцинантен капацитет повторно да се реформира. Како што историчарот и политичар Томас Бабингтон Меколи мудро забележа, „понекогаш е потребно да се реформира, за да се задржи“. Денес светот го достигна тој момент во времето. Време е за ресетирање“, заклучи Барбер.

Оваа кампања ја смисли креативната агенција Бруклин брадрс, а читателите сакаат да ги поттикнат со серија текстови за етиката на инвестирањето, маните на големите технолошки компании и идната на корпорациите без граници.

Освен зборовите на уредникот, Фајненшл тајмс објави уште неколку написи на таа тема во својот специјален број, објавен на 16 септември. Особено е интересен написот на Мартин Волф кој во весникот е насловен „Спасување на капитализмот од изнајмувачите“, а во електронското издание „Зошто наместениот капитализам ѝ штети на либералната демократија“.

„Динамичната капиталистичка економија им дава на сите верба дека можат да учествуваат во распределбата на ќарот. Наместо тоа, слабата конкуренција, мизерниот раст на продуктивноста, големото раслојување и деградираната демократија го изневерија населението“, предупредува новинарот на ФТ.

„Значи, зошто економијата не ги дава саканите резултати? Одговорот лежи, делумно, во подемот на изнајмувачкиот капитализам. Во оваа смисла „рента“ значи награда над и повеќе од оние кои се потребни за да се поттикне саканата понуда на добра, услуги, земја или работна сила. „Изнајмувачкиот капитализам“ значи економија во која пазарната и политичката моќ им дозволува на привилегирани поединци и бизниси да извлечат поголем дел од таа рента од сите останати“, објаснува Волф.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе