Европа е загрижена околу снабдувањето со енергија и економскиот раст

Еврото падна на најниско ниво во две децении

Еврото денес падна на нов минимум во последните две децении, бидејќи Европа е загрижена околу снабдувањето со енергија и економскиот раст, додека доларот остана силен во однос на главните конкуренти.

EPA-EFE

Еврото е 0,9909 долари, што е најниско ниво од крајот на 2002 година, а последниот пат падна за 0,29 отсто на 0,9914 долари.

Русија ќе ја сопре испораката на природен гас за Европа преку гасоводот Северен тек 1 на три дена на крајот на месецот, што е најновиот потсетник за несигурната состојба на резервите енергија на континентот.

Топлинските бранови веќе го оптоварија снабдувањето со енергија и сè поголема е загриженоста дека каков било прекин во текот на зимските месеци би можел да биде погубен за деловните активности.

„Имајќи го предвид актуелното расположение, очигледно постои загриженост дека тоа ќе биде на три дена или ќе биде на три години“, кажа Реј Атрил, шеф на стратегија во Националната банка на Австралија (НАБ).

Фунтата на сличен начин достигна ново најниско ниво во две и пол години и изнесува 1,1729 долари, додека јапонскиот јен остана на 137,270 за долар.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе