Европските десничари се бунат: Антируските санкции им користат само на американските компании

Економските санкции против Русија ја погодуваат ЕУ и им користат само на американските корпорации, тврди Штефан Којтер, германски парламентарец од партијата Алтернатива за Германија (АфД).

„Санкциите против Русија не им служат на интересите на германските компании, како што се Сименс или фармацевтските компании. Дали имаа ќар од казните? Каков е ќарот од овие мерки?“, изјави политичарот на Меѓународниот економски форум на Јалта (ИИЕФ) на Крим.

„Санкциите исклучително им помагаат на американските компании, кои се обидуваат да го прошират своето присуство на европскиот пазар. Тие не се насочени само против Русија, туку и кон ЕУ и Германија“, кажа Којтер.

Германскиот политичар истакна дека санкциите против Москва воведени во 2014 година неминовно водат кон кршење на меѓународните договори, намалување на инвестициската активност и спречување на земјите и компаниите да разменуваат технологии и различни знаења, како и дека доведуваат до политички турбуленции кои можат да предизвикаат пад на животниот стандард.

Врските меѓу Русија и западните земји драматично се намалија за време на изминатите пет години, откако Брисел ги поддржа економските казни кои ги наметна Вашингтон.

Мерките се преземени како одговор на наводната вмешаност на Москва во кризата во источна Украина и по кримскиот референдум за отцепување од Украина и припојување кон Руската Федерација. Кремљ тогаш одговори со контрасанкции.

Во изминатите три години политичари од европските земји во повеќе наврати повикуваат на укинување на казнените мерки, бидејќи тие стануваат главна пречка за работење и економски раст.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе