Европските берзи пораснаа трет ден по ред

На европските берзи утрово цените на акциите пораснаа трет ден по ред, откако инвеститорите се охрабрија од вестите за постепено укинување на рестриктивните мерки што претходно беа воведени за спречување на коронавирусот.

Индексот СТОXX 600 на водечките европски акции околу 9.30 часот беше во плус 0,2 проценти, откако вчера скокна 1,7 проценти и го достигна своето највисоко ниво за седум недели.

Индексот ФТСЕ во Лондон се зголеми за 0,40 проценти на 5.980 бода, додека франкфуртскиот ДАХ порасна за 0,15 проценти, на 10.811 бода, а парискиот ЦАЦ за 0,20 проценти на 4.578 бода.

Растот на берзата е благодарение на најавите на многу земји во светот, од САД, преку Европа до Австралија, за постепено олабавување на рестриктивните мерки што претходно беа воведени за спречување на ширењето на коронавирусот.

Инвеститорите се надеваат дека економскиот живот наскоро ќе се нормализира, а огромните фискални и монетарни стимулативни мерки воведени досега ќе ја олеснат рецесијата.

Аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат, во просек, дека БДП паднал за 4 проценти во однос на истиот квартал минатата година, што би било најголем пад од финансиската криза во 2009 година.

Некои во истражувањето дури очекуваат пад од 15 проценти, што би претставувало рекорден пад во историјата.

Вчера почна дводневната седница на лидерите на американската централна банка, а соопштението за нивните заклучоци се очекува денес.

Но не се очекуваат нови мерки во однос на каматите или купувањето имот бидејќи Фед веќе драстично ги намали клучните каматни стапки на нула и покрена богати програми за купување обврзници.

Сепак, се очекуваат пораки дека ќе се задржи попустливата монетарна политика онолку долго колку што е потребно, што ќе му помогне на пазарот, велат аналитичарите.

На пазарите им помага и зголемувањето на цените на нафтата бидејќи инвеститорите се надеваат дека со заживувањето на економиите ќе зајакне и побарувачката за „црно злато“.

На лондонскиот пазар цената на барел се зголеми за 3,6 проценти утрово на 21,20 долари, додека во САД барелот поскапе за 11 проценти, на 13,65 долари.

Утрово цените на акциите се зголемија и на азиските берзи, така што индексот на азиско-пацифичките акции МСЦИ, со исклучок на јапонските, околу 9.30 часот наутро беше во плус 0,7 проценти, достигнувајќи го највисокото ниво за седум недели.

Берзата во Токио, пак, денес не работи поради празници.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе