„Барања на модерната економија“

Европската централна банка треба да воведе дигитално евро

Европската централна банка (ЕЦБ) треба да воведе дигитално евро, бидејќи целосното препуштање на просторот на дигиталните пари на иницијативите на приватниот сектор би можело да ја загрози финансиската стабилност и да ја ослаби улогата на централната банка, соопшти членот на извршниот одбор на ЕЦБ Фабио Панета.

EPA-EFE

ЕЦБ работи на дизајнирање дигитална валута, која на барање на банките директно би се дистрибуирала од централната банка како што е случајот со готовината, но проектот би можел да потрае уште околу пет години пред таа навистина да биде лансирана.

„Како што поштенската марка изгуби значителен дел од употребливоста со доаѓањето на интернетот и електронската пошта, така и готовината би можела да го изгуби значењето во економијата која станува сè подигитална“, кажа Панета.

Тој додаде дека во случај тоа сценарио да се оствари, тоа би ја ослабело вредноста на парите на централната банка како монетарно сидро.

Панета ги отфрли аргументите дека стејблкоините на приватниот сектор, вид криптовалута која обично се врзува за некоја традиционална цврста валута за да ја зачува вредноста, ги прават дигиталните пари на централната банка излишни, наведувајќи дека приватните иницијативи носат инхерентен ризик кој често се зголемува во време на криза.

„Историјата покажува дека финансиската стабилност и довербата на јавноста кога станува збор за парите бараат државна валута која е во широка употреба покрај приватните пари“, кажа Панета.

За дигиталните пари на централната банка да функционираат, тие мора да бидат во широка употреба за луѓето да бидат постојано свесни дека и таа опција е на маса.

„Во таа цел, дигиталното евро би можело да биде дизајнирано на начин кој го прави доволно атрактивно за широко да се користи како средство за плаќање, и на начин кој истовремено спречува тоа да стане толку успешно како безбедно прибежиште кое ги истискува приватните пари и го зголемува ризикот од банкрот“, заклучи Панета.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе