вторник, 16 април 2024

Пожар во една од најпознатите згради во Копенхаген, се урна целата кула (ВИДЕО)

Пожар избувна во зградата на старата берза во Копенхаген, една од најпознатите згради на данската престолнина, кој ја зафати нејзината кула, која се урна на покривот. Нема информации за повредени.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

На снимките во живо од локалните медиуми се гледаат луѓе што изнесуваат големи слики од зградата за да ги спасат од пламенот.

Историската зграда, чија кула беше обликувана како испреплетени опашки на четири змеја, беше подложена на реновирање кога избувна пожар.

Во зградата, изградена во холандски ренесансен стил, повеќе не е сместена данската берза, туку служи како седиште на данската Стопанска комора.

„Нѐ пречека страшна глетка. Гори берзата“, пишуваше на профилот на Стопанската комора на социјалната мрежа Икс.

Полицијата во Копенхаген ги повика луѓето да избегнуваат да возат во близина на зградата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ