Европа е презаситена од гас: Русија би можела да го прекине транзитот низ Полска

Договорот за транзит на гас во Европа низ Полска истекува на 18 мај. Сепак, Газпром сѐ уште не покажал интерес за негово обновување, што значи дека за четири месеци основни транзитери на рускиот гас ќе останат само Украина и Турција.

Европскиот пазар на гас е презаситен. Во страв од прекин на рускиот транзит низ Украина, складирани се рекорни количества од горивото, а поради топлото време потрошувачката на гас е значително помала од минатите зими.

Според податоците на асоцијацијата за следење ГИЕ, од почетокот на грејната сезона од европските магацини се потрошени три милијарди кубни метри помалку отколку пред една година, а резервите се сега за четврт поголеми: 78,6 милијарди кубни метри во однос на 62,9 милијарди, пренесува Спутник.

Поради тоа цените би можеле да бидат рекордно ниски. Во моментот на најликвидната европска берза ТТФ цената на природниот гас е 115 долари за илјада кубни метри.

Експертите предвидуваат дека до летото цената ќе падне на сто долари.

Заклучокот е ист = новиот транзитен договор меѓу Газпром и Нафтогаз, заедно со почеток на експлоатацијата на Турски тек ќе создаде вишок гасоводни капацитети кон Европа од Истокот, така што понудата во следните месеци ќе ја надминува потрошувачката.

Во оваа ситуација, за Газпром е исклучително пожелно да ги намали испораките кон Европа. Меѓутоа, обемот на транзитот низ Украина и Турција е цврсто утврден со договорите и тука едноставно нема простор за маневрирање.

Меѓутоа, на 18 мај престанува да важи договорот за транзит низ Полска преку гасоводот Јамал-Европа. А судејќи по тоа што Газпром сѐ уште не ѝ дал на Варшава никакви предлози, руската страна нема намера да го продолжува.

Истото го сметаат и Полјаците. „Спремни сме на прекин на транзитот“, кажа на крајот на декември директорот на полската државна нафтена и гасна компанија ПГНиГ Петар Возњак.

Победник и победен

Престанување на пупањето гас низ Полска му користи на Газпром во секој поглед. Прво, тоа истовремено ќе ги намали испораки во Европа за околу 30 милијарди кубни метри (проектниот капацитет на гасоводот Јамал-Европа изнесува 32,9 милијарди кубни метри годишно), одржувајќи ја цената на пазарот.

Како второ, рускиот холдинг ќе заштеди на транзитните такси. Во август минатата година комесарот на полската влада за стратегиска инфраструктура Петар Наимски предупреди дека Варшава остро ќе ги зголеми тарифите во новиот договор. Според него, Полска изгубила 400 милиони долари поради договорот со Газпром за транзит во периодот 2010-2017.

Постои и стратегиски ќар. Станува збор за ограничувањето Јамал-Европа да се поврзе со ОПАЛ. Во септември европски суд по тужба на полската компанија ПГНиГ ги ограничи правата на Газпром на овој гасовод.

Полјаците постигнаа на рускиот гасен холдинг да му виде дозволено да користи само 50 отсто од капацитетите на ОПАЛ. Варшава очигледно се надеваше дека Газпром потоа ќе мора да го зголеми пумпањето преку Полска.

Но, ако полскиот транзит прекине, ограничувањето на ОПАЛ може да доведе до недостиг на гас во земјите на Централна Европа, пред сѐ во Чешка. Па Европската комисија ќе има добра причина целосно да му ги врати правата на Газпром.

Ова за Полјаците, најверојатно, е само почеток на големите проблеми. Тежнеењето на Варшава за гасна независност од Русија самата ја турна во ќоше. Во очекување на изградбата на нафтоводот од Норвешка Балтик пајп, Полска склучи четири долгорочни договори со Американците за испорака на природен течен гас – 29 милиони тони до 2042.

Полјаците планираа голем дел од купеното гориво, особено на многу скапото американско гориво, да им го препродаваат на своите соседи: Украина, Литванија и Летонија, како и на Естонија и Финска.

Фрлање пари

Минатата недела Одборот за индустрија, истражување и енергетика на Европскиот парламент почна да расправа за енергетските проекти кои можат да сметаат на финансирање од Европската Унија. На листата се наоѓа и Балтик пајп како и дополнителните гасоводи од Полска во соседните земји.

Според оценките на експертите, планираните гасоводи се чисто фрлање пари. Тие наведуваат дека постоечката инфраструктура на ЕУ е доволно способна да ги задоволи различни сценарија за идната побарувачка за гас, дури и при нарушувања во снабдувањето.

Поради тоа повеќето разгледувани проекти за гасна инфраструктура не се потребни и претерано е реинвестирањето на десетици милијардиевра од европските државни фондови, заклучија експертите.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе