ЕУ предлага нови мерки за ограничување на високите цени на гасот

Европската Унија предложи пакет нови мерки за намалување на цените на гасот и за обезбедување на снабдување со гас оваа зима, но меѓу предложените мерки нема ограничувања за малопродажните цени на гасот.

EPA-EFE

Предлогот вклучува заедничка набавка на гас, привремен механизам за ограничување на високите цени додека не се развие нов индекс за тргување со гасот кој ќе го вклучува и течниот гас, нови мерки за транспарентна употреба на инфраструктурата, солидарност меѓу земјите членки и намалување на побарувачката за гас.

Повеќето договори за гас во Европа се индексирани според главната европска берза на гас во Холандија, ТТФ. Тој индекс се однесува на гасот кој се доставува со гасовод и не ја одразува цената на трансакциите на течниот гас.

Европската комисија сака да создаде дополнителен индекс за течниот гас. Во моментов увозната цена на течниот гас се заснова на ТТФ, кој повеќе не е примерен израз на пазарната реалност бидејќи на него влијаат инфраструктурните тесни грла во северозападна Европа и подложен е на руски манипулации со испораките на природен гас.

Според предлогот, Агенцијата за соработка на енергетските регулатори (АЦЕР) има задача да изработи објективна алатка за проценка на цените, најдоцна две недели по стапувањето на указот на сила, а до 31 март 2023 референтна вредност на увозот на течен гас во Европа.

Тоа би се постигнало со собирање информации во реално време за сите дневни трансакции на течен гас и зголемување на транспарентноста на пазарот. Комисијата сега сака да создаде нов индекс кој подобро ќе ги одразува цените на течниот гас, а во меѓувреме предлага привремен механизам за ограничување на цените оваа зима.

„Ќе воведеме привремен механизам за ограничување на превисоките цени оваа зима, додека ја развиваме новата вредност за со ЛНГ да се тргува во поправедна цена“, изјави претседателката на ЕК Урсула фон дер Лаен.

Додаде дека Комисијата предлага нови алатки за заедничка набавка на гас за да се обезбеди солидарност и безбедност на снабдувањето во сите држави членки и да се преговара со доставувачи на гас за да се обезбеди прифатлива цена на енергенсот.

Иако се очекуваше, Комисијата не предложи ограничување на цените на гасот кој се користи за производство на електрична енергија, што веќе се применува во Шпанија и Португалија.

Меѓутоа, судејќи по нацрт заклучоците на самитот на ЕУ кој ќе се одржи во четврток и петок, лидерите на државите членки би можеле да побараат од Комисијата да размисли за ограничување на цените на гасот кој се користи за производство на струја, на начин кој би помогнал во намалување на цената на електричната енергија и истовремено не би водел кон зголемено трошење на гасот.

Исто така, во предлогот на ЕК не се спомнува ни идејата за воведување на ограничувања за големопродажните цени на гасот, што го побараа 15 држави членки.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Почнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд.

повеќе

Да ги споменеме и другите големи глобални предизвици: големите опасности од еколошка катастрофа; зголемувањето на нееднаквоста во нашите општества; и напливот на нови технологии кои можат да го нарушат светот доколку истите не бидат соодветно користени и контролирани.

повеќе

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе