Мерки на Европската комисија

ЕУ подготви 780 милиони евра итна помош за брегзит без договор

Европската Унија е спремна да ангажира 780 милиони евра итна финансиска помош на државите-членки кои ќе бидат економски најпогодени од можниот брегзит без договор.

Главниот дел, околу 600 милиони евра, ќе дојдат од Фондот за солидарност на ЕУ, наменет на државите членки жртви на природни катастрофи. Остатокот ќе дојде од Европскиот фонд за прилагодување на глобализацијата кој им помага на отпуштените работници.

Европската комисија ги претстави вчера новите итни мерки во случај на „брегзит без договор“, додека Британија тоне во политичка криза поради поделбите околу брегзитот.

Европските функционери истакнаа дека, покрај 780 милиони евра, финансиска поддршка за надминување на последиците од брегзитот без договор би можела да стигне и од други фондови – за риболов и за земјоделство.

Еден функционер кажа дека парите од Фондот за солидарност може да се ангажираат поради релативно малиот број природни катастрофи кои годинава ги погодија земјите на Унијата. Но, истакна дека употребата на тие пари за брегзитот би била исклучок, само за да им се помогне на погодените компании, зачувувањето на работните места и исполнувањето на зголемената потреба за контрола во трговијата со Британија ако нема договор за брегзитот.

Земјите врз кои најмногу би можел да влијае „брегзитот без договор“ се Ирска, Германија, Холандија, Белгија, Франција и Данска.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе