Ел Салвадор стана првата земја во која може да се плаќа со биткоин

Вчера Ел Салвадор, кој нема своја валута, стана првата земја во светот која го воведе биткоинот како законско средство за плаќање откако Конгресот го усвои предлогот на претседателот Најиб Букеле за прифаќање на криптовалутата.

EPA-EFE

Со 62 од 84 можни гласа законодавците гласаа за донесување на законот за прифаќање на биткоинот, и покрај стравот од можниот лош ефект врз програмата на Ел Салвадор со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вредност од милијарда долари.

Претседателот Букеле заговара користење на биткоинот бидејќи, според него, тоа може да ги заштити девизните дознаки на иселениците од екстремно високите давачки во доларски трансфери.

Букеле притоа истакна дека американскиот долар и понатаму останува легално средство за плаќање.

„Тоа ќе донесе финансиска вклученост, вложувања, туризам, иновации и економски развој на нашата земја“, кажа Букеле.

Ел Салвадор е земја со голема емиграција. Се проценува дека од Соединетите Американски Држави секоја година доаѓаат околу 6 милијарди долари кои ги испраќаат околу два милиони иселеници, што претставува петтина од БДП.

Тие пари од САД доаѓаат до жителите на Ел Салвадор преку повеќе финансиски посредници со надомест до 20 отсто, додека кај криптовалутите нема надомест за трансакциите.

Шефот на државата кажа дека користењето на биткоинот ќе биде препуштено на слободен избор и дека нема да претставува ризик за оние кои ќе го користат. Владата ќе гарантира конвертибилност во долари во моментот на трансакцијата преку 150 милиони долари тешката фондација во државната банка за развој БАНДЕСАЛ.

Според законот, компаниите ќе мора да го прифаќаат биткоинот како средство за плаќање на стоките и услугите. Со криптовалутата ќе може да се плаќаат и даноците.

Користењето на биткоинот како законско средство за плаќање ќе почне за 90 дена, а девизниот курс на биткоинот спрема доларот ќе го одреди пазарот.

Биткоинот во последните две недели е на највисоко ниво со раст од шест отсто и се приближува до цена од 35.200 американски долари.

Финансиските регулатори предупредуваат дека биткоинот го олеснува перењето пари и други незаконски дејства. Букеле ги отфрли тие забелешки и тврди дека криминалците веќе на големо го користат американскиот долар како и други финансиски средства за перење пари.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе

За првпат во историјата на албанската демократија, една иста партија ќе биде на чело на земјата три последователни мандати. 

повеќе