Економска војна на Кина и ЕУ поради хрватски мост (ВИДЕО)

Германскиот весник Зидојче цајтунг пишува дека Европската комисија подготвува предлози кои би требало да ги заштитат европските фирми од нечесната конкуренција од Кина, а како еден од примерите е наведен и Пељешкиот мост во Хрватска кој со средства од ЕУ фондови го градат кинески компании.

EPA-EFE

Европската комисија во средата претстави законодавен проект чија цел е да се овозможи забрана на преземање фирми од ЕУ со државно субвенционирани претпријатија од трети земји. Покрај тоа, компаниите поддржани со државни пари исто така би требало да бидат исклучени од тендерите за јавни договори.

Во Германија се особено контроверзни кинеските преземања на европски компании.

За пример, многу критики предизвика неколку милијарди вредното преземање на германското претпријатие Кука, еден од водечките произведувачи на роботи за индустријата. Купец беше кинеска Мидеа.

Во областа на јавните договори, фактот дека на кинески конзорциум му беше доделен договорот за изградба на важниот мост во јужна Хрватска (Пељешки мост) поттикна дебата. Бројни големи европски компании го пропуштија тендерот, а потоа се жалеа на нелојална конкуренција.

Предлогот на Европската комисија особено предвидува пред големо преземање, странските компании во иднина да мора да обелоденат дали во последните години примиле државни субвенции поголеми од 50 милиони евра. Тоа би се однесувало на сите преземања на компании со промет од 500 милиони евра или повеќе.

При пријавата за јавните договори, пак, во иднина би требало да се објават државните субвенции со договор со обем од 250 милиони евра или повеќе. Со тоа, надзорните органи на ЕК за конкуренција би сакале да бидат во можност да ги истражат преземањата и доделувањето договори под граничните вредности на сопствена иницијатива.

Дали предлогот ќе се спроведе на истиот начин, сега зависи од владите на државите членки на ЕУ и Европскиот парламент. За законот ќе расправаат во следните месеци, а потоа ќе мора да одлучат за неговото усвојување, наведува германскиот весник.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе