Една од најголемите кинески компании е на раб на банкрот, би можела да предизвика огромна криза

Во последните неколку недели една од главните светски економски теми се финансиските проблеми на кинескиот џин за недвижности Евергранд. Во вторникот од агенцијата за кредитен рејтинг Фич беше објавено дека компанијата престанала да ги враќа долговите, односно дека фактички банкротирала. Истото ѝ се случи и на компанијата Каиса, уште еден градежен џин од Кина.

EPA-EFE

Агенцијата за кредитен рејтинг во четвртокот ја намали оценката на Евергранд и неговите подружници на „ограничено неизвршување на обврските“, што значи дека компанијата не ги исполнила своите финансиски обврски. Фич соопшти дека намалувањето на оценката ја одразува неспособноста на компанијата да ги плати каматите доспеани претходно неделава на две обврзници деноминирани во долари. Плаќањата доспеале пред еден месец, а роковите за чекање истекле во понеделникот.

Тоа значи дека компанијата не е способна да ги врати долговите, но сè уште не е официјално во процес на банкрот, ликвидација и останати процедури кои би го сопреле нејзиното работење. Сè уште може да се случи сопствениците на обврзниците да ја „присилат“ компанијата на некаква форма на реорганизација и поделба на неколку помали компании. Иако „помали“, имајќи ја предвид големината на Евергранд, значи дека од еден џин ќе настанат неколку помали џинови.

Вкупната задолженост се проценува на 300 милијарди долари и повеќе.

Кинеските компании за недвижности падна во проблеми откако властите во Пекинг воведе таканаречени три црвени линии кои инвеститорите во недвижности мора да ги исполнат за да можат да продолжат да позајмуваат пари. Истовремено кинеските финансиски регулатори побараа од локалните банки да ги отежнат и продолжат процедурите за одобрување хипотекарни кредити за на поединечните купувачи да им го отежнат позајмувањето пари за купување недвижнини. Поради отежнувањето на финансирањето во недвижнини и позајмувањето и пред Евергранд пропаѓаа компании за недвижнини во Кина.

Иако се очекуваше кинеската држава да интервенира и да го спаси барем Евергранд поради неговата големина и поврзаноста со целата економија, тоа не се случи. Гувернерот на кинеската централна банка порача дека банкротот е пазарен настан и како таков ќе биде третиран. Тоа дозволува да се претпостави дека кинеската држава навистина не планира да го спасува џинот, туку евентуално да работи на санација на можните (и веројатни) негативни ефекти на тоа пропаѓање, кое ќе се прошири низ Кина.

Кина е сигурно свесна за огромниот ризик, кој потенцијално може да се прелее на целиот свет и со верижна реакција да доведе до светска финансиска криза во време кога светот полека се опоравува од економскиот пад поради пандемијата на ковид-19. Банкрот на толку голема компанија ќе предизвика шокови во финансискиот систем на Кина, кој е хаотичен и сам по себе. Во Кина е развиено таканаречено банкарство од сенка, дел од финансискиот сектор кој е под слаба или никаква контрола на регулаторните тела, а со самото тоа и долговите во него се непознати. Всушност во финансискиот сектор во Кина владее многу поголем хаос отколку во ЕУ па дури и во САД, па никој не знае колкава е навистина задолженоста на компаниите во Кина.

Проблем за Комунистичката партија се и можните социјални немири бидејќи голем број жители однапред му платиле на Евергранд за сè уште неизградени станови. Ако компанијата целосно банкротира, тогаш тие пари кои луѓето ги платиле за неизградени станови пропаѓаат, но остануваат кредитите кои ги земале. Затоа во краток рок ќе се случат два удари на финансискиот пазар: пропаст на гигантот за недвижнини, кој и самиот им должи огромни количества пати на банките и други финансиски институции, и голем број луѓе кои ги изгубиле своите инвестиции во недвижности, но им останале долговите, кои голем дел од нив нема да сакаат да ги враќаат под аргумент дека не сакаат да плаќаат кредити за станови кои никогаш нема да бидат изградени.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе