Џонсоновиот план за брегзитот е удар врз Британија тежок 90 милијарди долари

Угледна британска аналитичка група го критикуваше договорот за брегзитот на британскиот премиер Борис Џонсон, заклучувајќи дека британската економија ќе биде помала за 3 - 5 отсто во следната деценија отколку кога би останала во Европската Унија.

Во студијата на Националниот институт за економски и социјални истражувања (НИЕСР) се наведува дека договорот ќе ѝ нанесе удар на Британија од 70 милијарди фунти (90 милијарди долари), пренесува Асошиејтед прес.

Истражувачите тврдат дека перспективите на Обединетото Кралство ги помрачуваат политичката и економската неизвесност и порачуваат дека не очекуваат „економската активност да биде поттикната од одобрувањето на владиниот предлог договор за брегзитот“.

Нивното долгорочно предвидување е засновано врз претпоставката дека Британија ќе го напушти блокот со договор за слободна трговија со ЕУ по транзицискиот период кој ќе трае до 2021 година, при што ќе преговара за нови договори со другите земји.

Во студијата се наведува дека зголемените „бариери за стоката и услугите, трговијата и ограничувањето намиграцијата“ ќе ја примораат економијата да успори.

Институтот процени дека британската економија сега е за 2,5 отсто помала отколку што би била доколку Британија не гласаше во 2016 година за излегување од Европската Унија.

Владата во Лондон тврди дека планира поинакво сценарио од она кое го разгледувала аналитичката група.

„Планираме да преговараме за сеопфатен договор за слободна трговија со Европската Унија, поамбициозен од стандардниот договор за слободна трговија врз кој НИЕСР ги заснова своите заклучоци“, се наведува во изјавата на британското министерство за финансии.

Според резултатите од истражувањето на институтот, брегзитот без договор би ѝ нанел уште поголем удар на британската економија, со загува на БДП од 5,6 отсто.

Портпаролот на либералните демократи Том Брејк изјави дека овие цифри „не претставуваат изненадување“.

„Ториевската опсесија со брегзитот по секоја цена го доведува во ризик нашиот иден напредок. Неразумно е која било влада добороволно да усвои политика која ќе го успори економскиот раст во годините кои доаѓаат“, кажа тој.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе